Делата на Јонче Христовски синоќа беа отпеани на големата сцена во Македонската опера и балет.
На концертот на Камерниот оркестар на Битола ⋮IWConnect уживаа стотици гости, кои заедно со изведувачите ги пееја безвременските песни на доајенот на македонската народна музика.
Неговите најубави бисери ечеа од грлата на неколку македонски музичари, меѓу кои и Виолета Томовска.
Легендарната пејачка со емоции ја отпеа „Македонско девојче“, која Јонче ѝ ја подари за првиот роденден на нејзината ќерка.
„Би сакала да се заблагодарам на организаторите за животот на Јонче Христовски кој го помина со песна. Но, не само за себе, туку на сите нас ни подари безвременски хитови. Тој ги создаваше хитовите за сè она што можеше да го допре, да живее... Тоа останаа безвременски песни што и нашите идни генерации ќе ги пеат“ – изјави Томовска на сцената.
Ова беше вториот концерт на Камерниот оркестар на Битола ⋮IWConnect кој се одржа во чест на Јонче Христовски. Првиот беше на 4 април во Битола.