Списанието Forbes ги објави најплатените TikTok ѕвезди и нивната заработка во изминатата година.
Приходите на најпопуларните „ТикТокери“ се зголемија во 2021 година пред сè поради прелевањето на нивната слава надвор од социјалната мрежа која ги претвори во славни личности.
Сестрите Чарли и Дикси Д’Амелио, кои ја предводат листата на Forbes, беа споредувани со сестрите Кардашијан и сега имаат свое шоу на Hulu, „The D`Amelio“. Тие заедно го имаат и брендот, Social Tourist. Сето тоа за една година ја зголеми нивната заедничка заработка од 7 на 27,5 милиони долари.
Првите седум најпопуларни личности на TikTok вкупно заработиле 55,5 милиони долари. Меѓу 30-50 проценти од нивното богатство доаѓа од спонзорирани објави. Овие ѕвезди можат да наплатат дури и по половина милион долари за една објава, но најчесто заработуваат меѓу 100 и 250 илјади долари за еден пост.
Еве кои личности се Топ 7 ТикТокери и која е нивната заработка во изминатата година:
1. Чарли Д’Амелио (133 милиони следбеници)
17,5 милиони долари
@charlidamelio ♬ Its me you should be seeing - Charlene ੈ✩‧₊˚
2. Дикси Д’Амелио (57 милиони следбеници)
10 милиони долари
@dixiedamelio Am i cute?!?/p> ♬ Josslyn - Demo - Olivia O'Brien
3. Едисон Реј (86 милиони следбеници)
8,5 милиони долари
@addisonre ♬ original sound - GracesCases
4. Бела Порч (87 милиони следбеници)
5 милиони долари
@bellapoarch Duet this
♬ оригинальный звук - соу, итс э дрогс?
5. Џош Ричардс (26 милиони следбеници)
5 милиони долари
@joshrichards Anthony teaching us his dance @Anfony @brycehall ♬ sonido original - .
6. Крис Колинс (42 милиони следбеници)
4,75 милиони долари
@kallmekris True Friendship
♬ original sound - Kris HC
7. Авани Грег (39 милиони следбеници)
4,75 милиони долари
@avani @charlidamelio ♬ sugar by brockhampton but with a surprise - ADAM OH