Каби Ламе, кој стекна светска популарност со безгласно исмејување на непотребни трикови за олеснување на животот, официјално е на врвот на листата на најпопуларни тиктокери.
Младиот комичар со 143,2 милиони следбеници ја надмина Чарли Д’Амелио која има 142,4 следбеници и ја доби титулата „најследена“ личност на TikTok.
@khaby.lame Tag your friends who simulate frequently @433 #learnfromkhaby #learnontiktok @tiktok @tiktokcreators ♬ suono originale - Khabane lame
@charlidamelio dc @claire ♬ why are famous people using this LMAO - quix ;)
22-годишното момче е родено во Сенегал, но од мали нозе живее во Италија со родителите. Неговата TikTok приказна започна во 2020 година, откако ја изгуби работата во фабрика во раните денови на пандемијата. На почетокот, како и сите фанови на платформата, Каби објавувал видеа на кои танцува или гледа видео игри. Но подоцна му се родила идејата да реагира на видеа кои нудат апсурдни решенија за секојдневни проблеми.
Каби реагира без да изусти ниту збор, а неговата фацијална експресија стана меме.
„Размислував за тоа како да допрам до колку што е можно повеќе луѓе. И најдобриот начин беше да не зборувам“ – појасни Ламе во интервју за CNN.
Кога станува збор за популарноста, Каби е мошне скромен. „Не ми е гајле дали сум прв, втор или четврт најпопуларен на TikTok. Започнав да снимам видеа за да ги смеам луѓето во тој период на локдаун. И продолжувам да правам видеа со истата замисла. Среќен за моите постигнувања, но тие не ми се најважни“ – изјавил тој.