Вања Лазарова издиша за последен пат. Македонската пејачка со препознатлив глас почина на 86-годишна возраст.

„Со маки сум се родила“, „Параходот замина“, „Во ливаѓе ладен извор има“, „Легнала Ѓурѓа на рамно гумно“, „Многу ми го фалат бабо“ и „Петро Петроленко“ се меѓу композициите со кои Лазарова ја занемуваше публиката.
Легендарната изведувачка, нарекувана уметник кој се раѓа еднаш во 100 години, беше дел од тимот на филмот „Пред дождот“ на Милчо Манчевски, кој ја освои наградата „Златен лав“ на Филмскиот фестивал во Венеција во 1994 година.
Во 2014 година, таа стана добитничка на наградата за животно дело „11 Октомври“.
Последните години од животот, Лазарова ги помина во дом за згрижување на стари лица.

Потсетете се на талентот на македонската ѕвезда: