Кога Ештон Кучер ја презеде од Чарли Шин главната улога во серијата „Two and a Half Men“ тој набрзина се искачи до врвот на листата на најплатени ТВ актери. Згодниот 34-годишен актер, кој е во врска со Мила Кунис, во изминатава година заработил 24 милиони долари и според Forbes тој е најплатениот актер од телевизиските екрани.

На второто место е најоткачениот „доктор“, Хју Лори. Славниот актер од серијата „House“ во периодот од мај 2011 до мај 2012 го зголемил своето богатство за 18 милиони долари.

Реј Романо, познат по серијата „Everybody Loves Raymond“ е на третото место со заработка од 18 милиони долари.
Топ 10 најплатени ТВ актери
- Ештон Кучер 24 милиони долари
- Хју Лори 18 милиони долари
- Реј Романо 18 милиони долари
- Алек Болдвин 15 милиони долари
- Марк Хармон 15 милиони долари
- Тим Ален 14 милиони долари
- Џон Крајер 13 милиони долари
- Патрик Демпси 12 милиони долари
- Џим Парсонс 8 милиони долари
- Џони Галецки 8 милиони долари