Почетна » Новости » Музика » „Корона чао“: Александар и Дац со забавна преработка на „Bella ciao“ нè развеселуваат

„Корона чао“: Александар и Дац со забавна преработка на „Bella ciao“ нè развеселуваат

Драган Спасов-Дац и Александар Митевски ни го подигнуваат расположението со мошне забавна преработка на популарната италијанска песна „Bella ciao“.

Нивната верзија, снимена со придружба на Брастет Скопје, е посветена на коронавирусот и ја нарекоа „Корона чао“.

„Стигна ВАКЦИНАТА за добро расположение и оптимизам за нашиот народ. На познатата мелодија BELLA CIAO си ги запеавме секојдневните проблеми и ситуации со кои секој од нас се соочува во ова време - невреме. Ја направивме за еден ден, секој по дома. Во КАРАНТИН сите свиреа и пееја, а на крајот со телефони си направивме и видео спот кој сами го измонтиравме. Кога се сака сѐ се може, зарем не. Оваа песна ја посветуваме на нашиот народ, нашите фанови и семејства. ВЕ САКААТ Дац и Александар. Пуштете до даска и на REPEAT“ – пишуваат тие.

Текстот на „Корона чао“

Што беше фино
Пред карантинов
Корона чао, ајде чао, ајде чао чао чао
Дајте кафана, екипа збрана
Инаку ќе полудиме!

Во четири ѕида
Каде да идам,
Корона чао, ајде чао, ајде чао чао чао
И пак по старо, да живне народ
Ма, ќе се препородиме!

Носиме маски
Ко да сме хаски,
Корона чао, ајде чао, ајде чао чао чао
Покажи фаца, дај да те бацам,
Без љубов ќе се мрднеме!

Како на ланци
Држи дистанци
Корона чао, ајде чао, ајде чао чао чао
Ни фали гужва, ни фали дружба
Да може да се гушнеме!

Не кашлај тамо
Ти млада дамо
Корона чао, ајде чао, ајде чао чао чао
Фаќа нервоза од иста поза
И само да се јадело!

Ама ќе пројде
Живот ќе дојде
Корона чао, ајде чао, ајде чао чао чао
Ни фали плажа, гужва, гњаважа
И ко да ништо не било!

Ни фали гужва, ни фали дружба
само да биде весело!

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20790 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.