„Breaking Bad“ и „Modern Family“ беа меѓу големите победници на синоќешното доделување на Еми наградите со Нил Патрик-Харис во улога на водител.
„Breaking Bad“ беше прогласена за Најдобра драмска серија. Приказната за професор по хемија, кој влегува во светот на дрогата по откривањето дека боледува од рак на белите дробови, ги победи „Downton Abbey“, „Game of Thrones“, „House of Cards“, „Homeland“ и „Mad Men“.
„Modern Family“ повторно ја освои наградата Најдобра хумористична серија, оставајќи ги без статуетка „30 Rock“, „The Big Bang Theory“, „Girls“, „Veep“ и „Louie“.
Клер Дејнс ја присвои наградата Најдобра актерка во ТВ серија драма за улогата во психолошкиот трилер „Homeland“, додека Џеф Даниелс беше прогласен за Најдобар актер во ТВ серија драма за улогата во „The Newsroom“.
Џим Парсонс од „The Big Bang Theory“ ја прими наградата Најдобар актер во ТВ серија комедија, а Џулија Луис-Дрејфус од „Veep“ си замина со наградата Најдобра актерка во ТВ серија комедија.
„Behind the Candelabra“ со Мајкл Даглас и Мет Дејмон во главните улоги победи во категоријата Најдобра мини-серија или ТВ филм. Мајкл Даглас ја прими наградата за Најдобар актер во истата категорија.
Целосната листа на победници можете да ја погледнете тука.