Сер Елтон Џон направи скандал и ги шокира христијанските верници со неговата изјава дека Исус Христос бил хомосексуалец. Во интервју за американското списание Parade, 62-годишниот пејач коментирајќи како е да си лезбејка на Блискиот Исток изјавил:
„Мислам дека Исус бил сочувствителен, супер интелигентен хомосексуалец кој ги разбирал проблемите на луѓето. На крстот тој им простил на луѓето кои го распнале. Исус сакал ние да бидеме исполнети со љубов и да простуваме. Не знам што ги прави луѓето толку злобни. Обидете се да бидете лезбејка во Блискиот Исток – сметајте дека сте мртви“.
Оваа шокантна изјава на Елтон Џон била дадена во средината на интервју во кое зборувал за неговото минато поврзано со дрогата и врските со други мажи.
Интервјуто треба да биде објавено во недела во списанието Parade. Не е исклучено оваа изјава да побуди протести од религиозните групи во Америка. Во 1966 година, кога Џон Ленон изјавил дека Битлси се попопуларни од Исус, многу религиозни групи излегле на улиците во Америка, палејќи ги плочите од оваа група.