Ева Лонгорија и Хозе Пепе Бастон присуствуваа на забава по повод 15-годишнината на продукциската компанија Bambú во Мадрид.
48-годишната ѕвезда од „Очајни домаќинки“ и 55-годишниот продуцент рака под рака пристигнаа на црвениот тепих на свеченоста. Ева изгледаше одлично во тесен бежов фустан кој ѝ ја истакна фигурата.
Ева деновиве беше фотографирана во повеќе светли стајлинзи, а голем впечаток остави на ревијата на Jaquemus која ја следеше од кајче. Таа позираше заедно со својата добра пријателка Викторија Бекам.