Едина Муса има среќна вест. Македонската кошаркарка е во блажена состојба и го очекува своето прво детенце.
Веста за бременоста Муса ја сподели на Instagram. Таа објави фотографија на која позира со пораснатото трудничко стомаче и напиша: „Ти си сè што некогаш посакував. 118 дена од НАС“.
Едина не откри кој е татко на бебенцето.
Претходно, таа имаше објавено дека е во врска со Александар Димитровски-Мачка, но не потврди дали тој е партнерот со кого ќе добие бебенце.
Муса и Мачка со фотографии ја потврдија нивната врска пред јавноста на почетокот од оваа година. Мачка претходно беше во брак со Тамара Тодевска, со која има две деца.