Принцезата Кетрин изненади пациенти болни од рак посетувајќи ги во болницата во којашто и самата се лекуваше.
43-годишната сопруга на принцот Вилијам ги поздравуваше и прегрнуваше пациентите во „Royal Marsden Hospital“ во Лондон и му се заблагодари на медицинскиот персонал за грижливиот третман.
Принцезата од Велс шармираше во елегантен бордо фустан и карирано палто.
Голем дел од 2024 година Кетрин го помина во борба со ракот. Во јануари, нејзе ѝ беше направена операција на стомакот, по што беше дијагностицирана страшната болест.
Во септември, таа објави дека заврши со примањето на хемотерапијата, а сега сподели дека болеста моментално е во ремисија.
„Третманите се навистина толку различни и разновидни, што различно влијае на семејствата“ – рече таа.
„Многу е убаво што овој пат дојдов од предниот влез во болницата, по толку многу тивки, приватни посети“ – додаде Кетрин за своето повторно враќање во болница по завршувањето на хемотерапиите.