Ток шоуто Еден на Еден се враќа со нова премиерна епизода. Гостинки се Викторија Лоба и Сара Мејс кои изненадија со својата релаксираност пред публиката во студиото на Алфа.
Како што навикнавме од Жаре и екипата, и оваа епизода изобилува со одличен хумор, игри со гостинките кои ќе ги видиме и во улога на актерки, а по подолго време ќе гледаме и нови „Јамб Коцки“ и ново јавување на откачениот Спасе кај Жарко Коцкица.
Погледнете ја најавата и не ја пропуштајте новата Еден на Еден оваа сабота, 10 јануари во 21.30 часот на Алфа ТВ.