Синоќа се одржа манифестацијата по повод доделувањето на видео музичките награди на MTV во арената „The Forum“ во Инглвуд, Калифорнија.
Кети Пери беше водителка на церемонијата од која како најголем победник си замина Кендрик Ламар.
Американскиот рапер освои 6 статуетки, меѓу кои за Видео на годината и Најдобро хип-хоп видео за „Humble.“
Ед Ширан беше прогласен за Артист на годината, а Кхалид за Најдобар нов артист.
Fifth Harmony ја примија наградата за Најдобро поп видео за „Down“.
Twenty One Pilots ја добија наградата за Најдобро рок видео за „Heavydirtysoul“.
Статуетката Најдобра соработка беше резервирана за Тејлор Свифт и Зејн Малик за нивната „I Don't Wanna Live Forever“ од саундтракот за „Fifty Shades Darker“.
На Тејана Тејлор ѝ беше врачена наградата за Најдобра кореографија за спотот за „Fade“ на Кание Вест.
Пинк ја освои статуетката за Michael Jackson Video Vanguard Award.
Целосната листа на победници можете да ја најдете тука.