Дамијано Давид и официјално раскина со Џорџија Солери. Фронтменот на Måneskin ја потврди веста за раделбата откако се распространи видео во кое страсно се бакнува со друга девојка.
Веќе неколку дена, на TikTok се шири снимката од 24-годишниот музичар направена во ноќен клуб.
@valeeebarba daje damianooo#damianomaneskin #damianodavid #foryou ♬ suono originale - valeeebarba
„Жал ми е што излезе тоа видео. Не сакавме на тој начин да се справиме со ситуацијата и беше моја грешка“ – напиша Дамијано.
Тој напиша дека со Џорџија раскинале неколку дена пред да биде снимено видеото и дека не станувало збор за неверство.
„Се надевам дека ова нема да влијае на имиџот на Џорџија и дека ќе можете да ја почитувате деликатноста на овој момент“ – дополни тој.
Дамијано и италијанскиот модел беа во врска околу пет години.
Måneskin победија на Евровизија во 2021 година со песната „Zitti E Buoni“ и оттогаш нивната кариера започна забрзано да се движи по нагорна линија.