Адам Левин и Беати Принсло наскоро ќе станат родители. 37-годишниот пејач на Instagram сподели фотографија на која 27-годишната манекенка позира разголена, покажувајќи го пораснатото стомаче.
Левин и Принсло ја започнаа својата врска во мај 2012 година, а две години подоцна запливаа во брачните води. Нивната ќеркичка се очекува да се роди во септември.

Познатиот ангел на Victora’s Secret и фронтменот на Maroon 5 постојано споделуваат со своите обожаватели моменти од приватниот живот.








Пред еден месец, бремениот ангел Кендис Сванапул сподели фотографија на која, исто така, позира облечена само по фармерки.
