Столе Попов се закити со наградата „Голема ѕвезда на македонскиот филм“ на церемонијата со која беше одбележано 41-вото издание на Интернационалниот фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“.
Наградата, која втора година по ред ја изработува „Божиновски часовници и накит“, му беше доделена од претседателот на Друштвото на филмските работници Игор Иванов-Изи.
Аплауз за сите негови филмски остварувања кои засекогаш ќе останат на врвот на македонската кинематографија, но аплауз и во име на оние кои онемеа и се плашат да ракоплескаат пред уметноста која извира од срцето на Македонија.
... „Ебате животот ако не си спремен да умреш за него!“. - од „До Балчак“
Историјата на македонската кинематогрфска уметност е запишана преку дела како Црвениот коњ, Среќна Нова ’49, Тетовирање, Џипси меџик, До Балчак, а „Божиновски часовници и накит" и понатаму ќе остане горд поддржувач на македонската кинематографија, затоа што секое ново македонско филмско остварување е вредно за восхит.
Божиновски часовници и накит
„Прво би сакал најискрено да ви се заблагодарам на присуството и на големата чест и внимание што ми го посветувате, посебно му благодарам на Изи за убавите зборови. Со годините, како човек старее, така наградите му значат и така и така сè помалку и помалку, меѓутоа има награди према коишто не може да биде индиферентен. Фестивалите и наградите коишто сум ги добивал доста и многу, секојпат може на некој начин да се релативизираат. Меѓутоа има два типа на награди на кои човек не може да биде индиферентен и навистина ги прима со голема радост, а тоа секојпат се наградите од публиката и наградите од колегите. Мене навистина ми е чест и задоволство што оваа награда доаѓа од моите колеги, од луѓе со коишто јас сум ги работел филмовите, од моите соработници. Низ годините тоа било голем број на луѓе“ – рече Попов, кој на крајот на говорот го искажа и својот став за промената на името на нашата држава.
Говорот на Столе Попов
Овој текст го започнуваме со громогласен аплауз, не затоа што и оваа година ја имавме честа да ја изработиме „Голема...
Posted by Bozinovski watches & jewelry on Monday, September 21, 2020