Блејк Лајвли го однесе холивудскиот гламур во Кан. 28-годишната актерка шармираше во елегантен фустан на премиерата на „The BFG“ на Интернационалниот филмски фестивал.
Сопругата на Рајан Рејнолдс, која е бремена со нивното второ дете, го истакна трудничкото стомаче во тесна сина креација од високата мода на Весаче. Асиметричниот фустан од италијанската модна куќа, Лајвли го надополни со сребрени сандали и накит од Лорејн Шварц.
Многумина го споредуваат нејзиниот изглед со снежната кралица Елза од дизниевиот хит „Frozen“.























































Претходно на премиерата на „Slack Bay“, Лајвли се појави во волуменозна креација и изгледаше како модерна Пепелашка. Фустанот доаѓа од високата мода на Вивиен Вествуд.











