Беати Принсло и Адам Левин беа дел од паровите кои присуствуваа на овогодишното доделување на „Breakthrough Prize Honors“.
На црвениот тепих, 35-годишната манекенка и 45-годишниот фронтмен на Maroon 5 позираа со широки насмевки пред фоторепортерите. Беати носеше винтиџ креација од колекцијата пролет/лето 1995 година на Жан Пол Готје.
На настанот им беше оддадено признание на врвните научници.
Адам и Беати објавија дека го очекуваат третото дете во септември 2022 година. Истиот месец, неколку жени го обвинија Адам дека им испраќал недолични пораки, а една Instagram ѕвезда сподели дека имала едногодишна врска со пејачот додека тој бил во брак. Тој негираше дека ја изневерил сопругата, но призна дека си има разменувано несоодветни пораки со други жени.
„Немав афера, сепак, ја преминав границата во еден период од мојот живот за кој се каам. Најголема грешка што можев да ја направам е тоа што бев наивен и глупав да го ризикувам единственото нешто кое што ми е важно во животот. Никогаш нема да го направам тоа повторно. Преземам комплетна одговорност. Ќе го пребродиме ова заедно“ - напиша Адам на Instagram.