Младата претставничка на Германија, Лена, со песната „Satellite“ победи на 55-тото издание на изборот за песна на Евровизија. Деветнаесетгодишната пејачка доби најмногу поени од 39-те земји учеснички на овогодишниот избор кој се одржа во Осло, Норвешка.
Со 246 поени Германија убедливо застана на првото место, оставајќи ги зад себе Турција со 170 поени и Романија со 162 поени.
1
Lena – Satellite
Германија
2
maNga – We Could Be
Турција
3
Paula Seling & Ovi – Playing With Fire
Романија
Вчера, публика од
Во финалето учествуваа 25 земји, а 20 од песните беа избрани на полуфиналните вечери кои се одржаа оваа недела.
И покрај одличниот настап на Ѓоко Танески, Македонија не успеа да обезбеди пласман во финалето.