Понекогаш обожавателите знаат да претераат. Додека си заминуваше од ревијата на Max Mara, на Џиџи Хадид ѝ пријде маж и ја крена в раце. Популарниот модел бесно возврати, удирајќи го со лакт по главата.
И покрај обезбедувањето, 21-годишната манекенка успеа сама да се одбрани.
ВИДЕО:











Џиџи и нејзината сестра Бела дефилираа на ревијата на италијанскиот бренд која се одржа во рамките на Миланската модна недела.




