Џесика Частејн имаше мала незгода на доделувањето на наградите SAG.
45-годишната актерка беше прогласена за Најдобра актерка во ТВ филм или минисерија, а додека се качуваше на сцената за да ја прими статуетката, се сопна од фустанот на скалите.
Џесика доби помош од актерот Пол Мескал, кој седеше во првиот ред.
Видео:
По инцидентот, корисниците на Twitter започнаа да ја споредуваат со Џенифер Лоренс, која падна додека се упатуваше да го подигне својот прв Оскар.
Jessica Chastain honoring Jennifer Lawrence's fall #SAGAwards
— Stellina(@chestellina) February 27, 2023
Частејн носеше креација од Зухаир Мурад во циклама нијанса.
Наградата ѝ беше доделена за улогата во серијата „George & Tammy“.