Синоќа, Џенифер Лопез беше гостинка во шоуто на Џејмс Корден за да го промовира своето ново шоу за танцување „World Of Dance“.
Во „Late Late Show“, 47-годишната пејачка и актерка блесна во сребрен фустан со проѕирен долен дел. Во текот на емисијата, Лопез зборуваше за своето ново момче Алекс Родригез и откри дека е многу среќна со него.
Откако Корден ѝ постави прашање за нејзиниот престој во Мајами, Џеј Ло засрамено го опиша својот сакан како забавно, добро и прекрасно момче. „Најдобар е. Ќе ти се допадне. Тој е одлично момче. Забавен е. Прекрасен“ – рече Лопез.
Видео






Гости во синоќешното издание од шоуто на Корден беа и актерите Џастин Теру и Тери Крус.





Лопез и Родригез се во врска од март оваа година, а за првпат заедно на свечен настан се појавија на балот МЕТ пред неколку дена. Парот беше фотографиран и на забавата по свеченоста.


