Јана Бурческа ќе ја памети Евровизија засекогаш. Македонската пејачка објави јавно дека го очекува првото дете, но доби и предлог за брак пред милионската евровизиска публика.
Погледнете го моментот кога Александар ја побара раката на Јана.
Во најавата пред настапот, младата пејачка објави дека ќе стане мајка. Со снимки од прегледот на гинеколог и од разгледувањето на бебешка облека, таа сподели дека го очекува првото дете.
Еве го и интрото во кое Јана ја објави радосната вест:



