Тејлор Момсен и нејзиниот бенд The Pretty Reckless го објавија спотот за баладата „You“. Во видеото, 18-годишната актерка и пејачка седи во соба и гледа снимки од љубовни сесии кои ги имала со својот сакан за време на среќните мигови од нивната врска.
Тејлор, позната по улогата на Џени Хамфри во серијата „Gossip Girl“, за спотот ги има оставено настрана стриптизерските обувки во кои редовно се појавува. Минатата година таа се откажа од „Gossip Girl“ за да продолжи со својата музичка кариера. „Многу уживам да глумам, но тоа сè уште го сметам за работа. Музиката е мојот живот“ – изјавила таа.
Момсен редовно е критикувана за провокативниот начин на облекување и поради разголувањето на градите на сцената.
Токму затоа сите беа изненадени кога на ревијата на Маркеса во Њујорк, Тејлор се појави облечена како млада дама.
„You“ е четвртиот сингл на The Pretty Reckless од нивниот дебитантски албум „Light Me Up“.