Многу љубители на филмот со нетрпение го очекуваат вториот дел од хитот „Avatar“.
Продолжението „Avatar: The Way of Water“ ќе пристигне во декември, а засега режисерот Џејмс Камерон и филмската екипа ни дозволуваат да ѕирнеме што ќе се случува преку официјалниот трејлер.
Дејството во „Avatar: The Way of Water“ се одвива една деценија по настаните од првиот филм и ја раскажува приказната за семејството Сали (Џејк, Нејтири и нивните деца). Доловени се проблемите кои ги следат, прикажано е низ што сè поминуваат за да се чуваат едни со други безбедни, битките што ги водат за да останат живи и трагедиите што ги поднесуваат.