Конечно пристигна долгоочекуваниот трејлер за вториот дел од филмскиот хит „Avatar“.
Дејството во „Avatar: The Way of Water“ се одвива една деценија по настаните од првиот филм и ја раскажува приказната за семејството Сали (Џејк, Нејтири и нивните деца). Доловени се проблемите кои ги следат, прикажано е низ што сè поминуваат за да се чуваат едни со други безбедни, битките што ги водат за да останат живи и трагедиите што ги поднесуваат.
Погледнете го трејлерот:
„Avatar: The Way of Water“ ќе започне да се прикажува во киносалите ширум светот во декември оваа година.