Џесика Симпсон и Ерик Џонсон не се повеќе заедно.
44-годишната пејачка и поранешниот рагби играч се разделија по 10 години брачен живот. Тие имаат три деца.
Оваа вест ја потврди самата Џесика за People.
„Со Ерик живееме одделно додека се справуваме со болна ситуација во нашиот брак. Нашите деца се на прво место и се фокусираме на она што е најдобро за нив. Благодарни сме за целата љубов и за поддршката која доаѓа кон нас и во моментов би сакале да имаме приватност додека го надминуваме ова како семејство“ – рече таа.
Џонсон беше фотографиран без бурма во ноември минатата година, а извор близок до парот изјави дека тие се разделени.
Џесика и Ерик стапија во брак во 2014 година по 4 години врска. Нивната поголема ќерка Максвел има 12 години, помалата 5, а синот има 11 години.