
Скоро година и пол помина откако беше премиерно прикажан спотот на Биојнсе за мега популарната песна „Halo“. Вчера се појави и нова верзија на спотот. Во спотот се додадени многу нови сцени и со тоа се добива нова помрачна приказна.
„Halo“ е дел од третиот студиски албум на Бијонсе „I Am... Sasha Fierce“. Песната премиерно беше пуштена на 20 јануари 2009г. како четврт сингл од тој албум и брзо прерасна во голем хит.