Новиот спот на Кети Пери за песната „Teenage Dream“ ја доживеа својата премиера. Видеото режирано од Yoann Lemoine е снимено во родниот град на Кети, Санта Барбара.
„Ќе биде сосема различно од видеото за California Gurls. Со Teenage Dream ќе видите една сурова, скоро ранлива...Морав да носам многу помалку слоеви шминка“ – коментирала Кети пред промовирањето.
„Teenage Dream“ е вториот сингл од новиот истоимен албум на Кети Пери којшто треба да се појави на 24 август.