Почетна » Новости » Шоу-бизнис » ВИДЕО: Никол Шерцингер призна дека 8 години страдала од булимија

ВИДЕО: Никол Шерцингер призна дека 8 години страдала од булимија

Никол Шерцингер донесе на виделина многу тајни за нејзиниот живот во емисијата „Behind The Music“ на VH1.

Иако многу девојки низ целиот свет копнеат да го имаат телото на Никол, имало период кога самата 34-годишна пејачка воопшто не била задоволна од својот изглед. Никол за првпат откри дека 8 години се борела со булимија. Додека била во популарната група The Pussycat Dolls, таа не се чувствувала убаво во своето тело и сакајќи да го промени изгледот, влегла во канџите на булимијата.

Никол Шерцингер

За време на фотосесија во есента 2003 година, таа започнала да паничи кога се видела во разголената облека која требало да ја носи. „Облеката беше сочинета од градник, некаква долна облека и подвезици. Започнав да потам во соблекувалната, си велев: Не можам да излезам, не можам да го направам ова. Сето тоа беше ново за мене. Бев премногу исплашена. Не се чувствував комфорно во моето тело“ – раскажува Никол.

Никол Шерцингер

Кога Никол ќе се погледнела во огледало, пред себе гледала девојка со тело кое бара промени. Најдобрата пријателка на Никол раскажала: „Таа не гледаше совршена фигура кога се гледаше во огледало. Таа велеше дека гледа дебели бутови, дебели колена и дека сака руса коса, поразлични усни и поразличен нос.“

Токму таа фотосесија ја започнала 8-годишната борба на Никол со булимијата.

„Имам трема да зборувам за тоа. Срам ми е. Никогаш досега немам зборувано за тој проблем. Како што реков, никогаш не сакам да сум во улога на жртва. Не сакав моето семејство да слушне од мене, затоа што мислам дека тоа ќе им го скрши срцето. Претпоставувам дека тоа беше како моја зависност. Никогаш не сум се дрогирала, но да си причинувам одредени нешта беше како моја зависност. Кога ќе се симнев од сцената бев пресреќна, но кога ќе се вратев во мојата соба бев сама, па си правев некои нешта. Мојата булимија беше моја зависност. Самоповредувањето беше моја зависност“ – вели Никол.

Никол Шерцингер

Во летото 2008 година, борбата на Никол со булимијата веќе не била тајна. Сите девојки од групата Pussycat Dolls знаеле. „Го правев тоа секој ден, со години. Секогаш кога имав шанса да останам сама. Од тоа добиваш плускавици на рацете или лузни на рацете. Се обидував да ги сокријам. Мислам дека девојките можеа да видат што се случува. Се мразев себеси, се мразев себеси. Чувствував одвратност од себе, чувствував срам, бев толку осамена. Бев во група, а се чувствував поосамена отсекогаш“ – вели таа.

Булимијата започнала да се одразува и на изгледот и гласот на Никол. Нејзините коски станувале поизразени, а се промениле и нејзините заби, коса и кожа. „Тоа е исто како да гледате некој што го сакате да се распаѓа пред вашите очи“ – изјавила Кејти Морис, пријателка на Никол.

The Pussycat DollsThe Pussycat Dolls

Никол ја надминала кризата благодарение на музиката. „Музиката ме спаси. Единствено нејзе можам да ѝ верувам“ – рекла таа.

Погледнете дел од емисијата:

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19736 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.