Јана Бурческа со одличен настап ја претстави Македонија во втората полуфинална вечер на Евровизија 2017. Но, најголемо изненадување беше објавувањето на веста дека е БРЕМЕНА.
Во најавата, Јана сподели снимка од ултразвук со која потврди дека е во блажена состојба, а потоа и снимки на кои разгледува бебешка облека.
На сцената во Киев, македонската пејачка танцуваше во креација од Антонија Ристовска додека ја пееше забавната песна „Dance Alone“.
Наскоро ќе дознаеме дали Јана ќе ни обезбеди пласман во големото финале кое ќе се одржи в сабота.
Видео од настапот на Јана
Еве го и интрото во кое Јана ја објави радосната вест:





