Моника Белучи е ѕвезда во новиот филм на Емир Кустурица. 51-годишната актерка глуми покрај познатиот српски актер и режисер во филмскиот проект „On the Milky Road“, кој првпат ќе биде прикажан на големото платно на Филмскиот фестивал во Венеција.
Во првото видео, прикажана е сцена во која сензуалната италијанска убавица зборува со Кустурица на српски јазик.
Во текот на својата кариера, Кустурица двапати има добиено Златна палма на Канскиот филмски фестивал, беше номиниран за Оскар, а сега со своето ново дело ќе се бори по вторпат да ја освои посакуваната награда Златен лав во Венеција.
Погледнете и фотографии од снимањето: