Почетна » Новости » Шоу-бизнис » ВИДЕО: Мадона со „љубовно писмо“ за хортензиите

ВИДЕО: Мадона со „љубовно писмо“ за хортензиите

Мадона реши да го исмее неодамнешниот инцидент со хортензиите.

Пред една недела на интернет се распространи видео во кое Мадона ја изразува својата омраза кон хортензиите што ѝ ги подари обожавател. „Апсолутно презирам хортензии“ – рече таа откако љубезно го прими букетот.

Вчера беше објавено видео со наслов „Љубовно писмо за хортензиите“ во кое 53-годишната пејачка прво им се извинува на цвеќињата, а потоа невоздржано ја изразува својата омраза кон нив.

Во видеото Мадона гали букет со хортензии и им зборува: „Немате поим колку ноќи поминав мислејќи како ве повредив. Зборовите не можат да опишат колку ми е жал што ви нанесов болка. Срцето ќе ми пукне од тага. Треба да знам дека ќе можете да ми простите. Ако можев да ги повлечам зборовите, ќе го сторев тоа, но не можам, па што ми преостанува?“.

Потоа, наеднаш Мадона станува, го фрла букетот на земја, започнува да го гази и вели: „Преостанува фактот дека сè уште мразам хортензии! И секогаш ќе ги мразам! Ова е слободна земја! ... Сакам рози“.

Еве го старото видео во кое Мадона ја искажува својата омраза кон подарените хортензии:

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19141 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.