Бебињата на славните добиваат луксузни забави уште пред да дојдат на свет. Џесика Симпсон сподели со своите обожаватели видео од забавата во чест на нејзината неродена ќерка.
На специјалниот настан доминираше розовата боја, а меѓу гостите беа Џесика Алба и нејзината ќерка и сестрата на Џесика, Ешли Симпсон со нејзиниот син Бронкс.
Во видеото со најдобрите моменти може да се види бремената Џесика како пристигнува на забавата и како се дружи со блиското семејство и пријателките. Во моментите кога Џесика ги отвора подароците од гостинките, до неа е и нејзиниот свршеник Ерик Џонсон.
31-годишната ѕвезда го објави видеото на својот сајт, заедно со пораката: „Создавањето на семејство е најдоброто нешто што го имам направено во животот“.