Една од најпознатите македонски ТВ водителки беше гостинка во популарното ток шоу „Еден на Еден“. Жаре ја започна емисијата со нагласена сериозност, зборувајќи за случајот со Тамара и хуманитарните акции за поплавите. Откако беше упатен апел за поголема хуманост кај граѓаните и поголема ангажираност кај државните институции, емисијата продолжи со хумор и забава.
Лила коментираше отворено за озборувањата, патувањата, личниот и професионалниот живот.
Во следната „Еден на Еден“ на 21 февруари ќе гостува политичкиот новинар Васко Ефтов.