Благодарение на телото на Ким Кардашијан и нејзиниот полугол тренер, рекламата за Sketchers ShapeUps беше најсексапилната реклама прикажана за време на Суперболот.
Во рекламата, сексапилната старлета облечена во тесна облека за вежбање му „раскинува“ на својот тренер.
„Не знам како да го кажам ова... ти си прекрасен, најдобриот што некогаш сум го имала“ – Ким го фали својот тренер, пред да го откачи поради нејзините нови патики со зборовите: „Не е поради некој друг, туку поради нешто друго“.Еминем сними не една, туку две реклами кои беа прикажани за време на Суперболот, кој се одржа вчера вечерта. Во првата реклама, која е за пијалокот Lipton Brisk, Еминем е анимиран лик и раскажува што им вели на луѓето кога ќе побараат од него да снима реклама.
Во втората реклама, која е за Chrysler's 200 Sedan, Еминем вози луксузен автомобил во неговиот роден град Детроит, додека во позадина се слуша неговиот хит „Lose Yourself“.
Рекламите кои се прикажуваат за време на Суперболот ги гледаат повеќе од 100 милиони луѓе, но 30 секунди прикажување чини дури 3 милиони долари. Токму поради тоа се крева голема врева околу овие реклами.