Пред десет години Јулија Волкова и Лена Катина ја раздрмаа музичката сцена со хитот „All The Things She Said“. Разменувајќи си нежности во ученички униформи, руското дуо „t.A.T.u.“ достигна светска слава. Неколку месеци подоцна бунтовничките девојки направија бум и со „Not Gonna Get Us“, со што си обезбедија солидна позиција на музичката сцена.
Минатата година Јулија и Лена објавија дека „t.A.T.u.“ останува во минатото и дека продолжуваат со соло кариери. Но, нивната разделба не траеше долго. Двете девојки настапија на финалето на „The Voice“ во Романија, каде ги потсетија своите фанови на хитовите со кои се прославија.

Јулија и Лена настапија заедно во чест реиздавањето на албумот „200 Km/h In The Wrong Lane“, десет години по првото издавање, но велат дека не знаат дали повторно ќе се обединат.
Погледнете како изгледаат и звучат „t.A.T.u.“ 10 години по освојувањето на музичките топ листи.
А еве го и спотот за „All The Things She Said“: