Даниел Кајмакоски по вторпат се трансформираше во женски лик во „Твоето лице звучи познато“. Талентираниот македонски пејач влезе во улога на Каролина Гочева во петтата епизода од српското шоу со хуманитарен карактер.
32-годишниот музичар настапи со песната „Не се враќаш“, чиј текст е негово дело.
„Сценскиот настап беше фантастичен, веќе по кој пат покажува дека е одличен пејач, а сега дознавме и дека е добар автор. Сите пофалби за изведбата и авторската песна“ – беше коментарот на Ана Кокиќ.
„Импресивна изведба. Супер звучеше, емотивно се внесе во песната колку што можев да забележам“ – коментираше Никола.
Daniel kao Karolina Gočeva, ep. 05. sez. 03.
Posted by Tvoje Lice Zvuci Poznato on Sunday, April 3, 2016
За следната епизода, Даниел ја доби задачата да го имитира германскиот бенд Rammstein.
Победник во оваа епизода беше Ана Грубин за настапот во мјузиклот Мулен Руж.
Ana, Nikola i Đoša, mjuzikl Mulen Ruž, ep. 05. sez. 03.
Posted by Tvoje Lice Zvuci Poznato on Sunday, April 3, 2016