Бијонсе се здружи со првата дама на САД, Мишел Обама, за да ја популаризира иницијативата „Let's Move“ (Ајде да се движиме).
Кампањата има за цел да ја подигне свеста за дебелината кај децата и да ја промовира важноста на здравата исхрана и вежбањето.
29-годишната пејачка ја пресними својата песна „Get Me Bodied“, ѝ го промени текстот и ја преименува во „Move Your Body“ со цел да поттикне поактивен начин на живот кај децата.
А еве и како би изгледала една кореографија за „Move Your Body“ со која децата ќе можат да го раздвижат телото, притоа забавувајќи се: