Бијонсе сними видео со кое ќе ги примамува децата да станат поактивни преку танцување. 29-годишната пејачка облечена во бела блуза, кратки фармерски панталончиња и високи потпетици покажува интересна кореографија од хип-хоп и латино движења со цел да ја поддржи кампањата „Ајде да се движиме!“.
Видеото е дел од кампањата која се бори против дебелината кај децата, организирана од првата дама на САД, Мишел Обама.
Песната на која Бијонсе танцува заедно со децата од средните училишта е всушност преработка на старата нејзина песна „Get Me Bodied“. Бијонсе го промени текстот и мелодијата на песната за да ја направи поприфатлива за децата и ѝ даде наслов „Move Your Body“.
Погледнете ја интересната кореографија: