Заврши првата сезона од шоуто за танцување „World of Dance“, на кое главен продуцент е Џенифер Лопез. Близнаците Лес извојуваа победа и си заминаа дома со наградата од 1 милион долари.
„Бевме малку под стрес. Не можевме да дишеме кога нашите имиња беа прогласени за победници“ – изјавиле браќа Лорен и Лари. Тие се познати и по тоа што се ангажирани како танчари на светските турнеи на Бијонсе.
Покрај Лопез, во улога на судии влегоа и Џена Деван-Тејтум, Дерек Хаф и Ne-Yo.
За настапот во финалето, француското хип-хоп дуо ја избра песната „Scream“ од Мајкл Џексон, додека Лопез за нив ја избра „Stole the Show“ од Kygo.
Второто место ѝ припадна на 14-годишната Ива Ајго, а на трето место заврши групата Swing Latino.