Кели Кларксон сподели дека е среќна што нема да биде бремена никогаш повторно, благодарение на зафат наречен тубектомија или подврзување на јајцеводите.

34-годишната пејачка, која се прослави како прв победник во шоуто „American Idol“, отворено изјави дека имала две тешки бремености и дека не сака повторно да забремени. „Супер благодарна сум што никогаш нема да забременам повторно. Ги имам моите прекрасни деца и доста е“ – рекла таа во интервју за ExtraTV.



Покрај тоа што Кели си направила женска стерилизација, таа го убедила и својот сопруг Брендон Блексток да си направи вазектомија, односно машка стерилизација.
Кели и Брендон заедно имаат две деца, 2-годишната ќерка Ривер Роуз и 6-месечниот Ремингтон, а Брендон има уште две деца од претходниот брак, 14-годишната Савана и 11-годишниот Сет.


Музичката ѕвезда неодамна зборуваше за своето лошо искуство со екстремното гадење и повраќање во текот на двете бремености. „Ги имав најлошите можни бремености. Често завршував на болница, дехидрирана. Очигледно тоа е потребно за да создадеш прекрасни бебиња, бидејќи и двете се ѕвезди. Ги создадовме и доста е“ – рекла таа.