Иако Бијонсе реши да ја стави на пауза својата музичка кариера, таа не нè остава да ја заборавиме.
Популарната Бијонсе најави дека нејзиниот нов сингл Why Don't You Love Me ќе се појави на 29 август, а сними и реклама за промовирањето на нејзината најнова колекција облека Dereon. Тоа веднаш го привлече вниманието на нејзините многубројни обожаватели.
Во рекламната кампања Бијонсе тешко може да се препознае, затоа што носи перика и е прекриена со привремени тетоважи. Некои од тетоважите претставуваат синџири, пајаци, крилја, скалпови и сл.
Фотограф на кампањата бил Тони Дуран, а стилот бил целосно креиран од Бијонсе и нејзината мајка Тина.