Силвестер Сталоне е голем среќник што секогаш има прекрасна придружба. 70-годишниот актер заедно со сопругата Џенифер Флавин и трите ќерки присуствуваше на настан организиран од „InStyle“ по повод доделувањето на наградите Златен глобус.
Атрактивното семејство гордо позираше на црниот тепих во Вест Холивуд.


20-годишната Софија, 18-годишната Систин и 14-годишната Скарлет се избрани за мисици на Златен глобус, кои ќе помагаат во доделување на престижните награди на манифестацијата во јануари следната година.
„За првпат во историјата на Златен глобус, гордо избравме не една, туку три Мис Златен Глобус претставнички. Сестрите Сталоне ќе ја продолжат долгогодишната традиција на врачување на статуетки на церемонијата. Секоја од овие млади дами има достигнато успех, независно дали тоа е во образованието, спортот или модата“ – изјавил Лорензо Сорија, претседател на непрофитната организација која стои зад манифестацијата.













