Силвестер Сталоне слободно може да се нарече среќник, бидејќи има прекрасно семејство кое безрезервно го поддржува. 69-годишниот актер синоќа се појави со своите атрактивни ќерки и сопруга на манифестацијата „Златен глобус“.
Софија, Скарлет и Систин, како и мајка им Џенифер Флавин, му ја дадоа својата поддршка на Сталоне и гордо позираа покрај него по освојувањето на наградата Најдобар актер во споредна улога за ликот на Роки Балбоа во „Creed“. Ова е првиот златен глобус за искусниот актер.
Сталоне беше повикан на сцената со громогласен аплауз, а во својот говор најпрво им се заблагодари на ќерките и сопругата за љубовта која му ја даваат секој ден. „Сакам да им се заблагодарам на мојата сопруга и на моите деца Софија, Скарлет и Систин, бидејќи вашата љубов ми е најголемата награда на светот, секој ден“ – рече Сталоне по примањето на наградата.