Подготовките за Златен глобус започнаа. Џими Фелон и трите ќерки на Силвестер Сталоне присуствуваа на настан на кој се поставуваше црвениот тепих за големата филмска манифестација што ќе се одржи на 8-ми овој месец во Беверли Хилс.
Атрактивните Софија, Систин и Скарлет ќе бидат мисици на Златен глобус и ќе помагаат при доделувањето на наградите, додека Фелон е избран за водител на церемонијата.
14-годишната Скарлет сподели фотографија на Instagram и во описот напиша: „Ангелите на Џими“.
И 20-годишната Софија не пропушти да објави фотографија на популарната социјална мрежа.