Антониа Гиговска со нетрпение го очекува моментот кога ќе стане мајка. Македонската пејачка сега го откри полот на бебенцето кое го очекува со сопругот Роберт Спасенцовски.
Музичката ѕвезда, која е во последниот триместар од бременоста, сподели дека очекува момче.
„Нашиот неодолив капетан е на пат. Едвај чекаме да те запознаеме“ – напиша Антониа.







Антониа и Роберт се верија во јануари оваа година, а официјално стапија во брак на 30 април.


