Адам Левин и Беати Принсло имаат за што да се радуваат. 43-годишниот пејач и
Среќната вест за раѓањето на бебенцето ја откри анонимен извор за списанието „People“.
Адам и Беати стапија во брак во 2014 година. Тие се родители и на 6-годишната Дасти Роуз и 4-годишната Џио Грејс.
За време на третата бременост на Беати избија големи скандали. Адам беше обвинуван дека испраќа флерувачки пораки до неколку жени, по што тој се огласи дека направил грешка, но никогаш немал афера со друга.
„Немав афера, сепак, ја преминав границата во еден период од мојот живот за кој се каам. Најголема грешка што можев да ја направам е тоа што бев наивен и глупав да го ризикувам единственото нешто кое што ми е важно во животот. Никогаш нема да го направам тоа повторно. Преземам комплетна одговорност. Ќе го пребродиме ова заедно“ - напиша Адам на Instagram.