Кендис Сванапул го покажа својот сексапил за мартовското издание на списанието „Maxim“, кое ја прогласи за Најжешка жена за 2014 година.
Привлечната Јужноафриканка се разголи и позираше пред објективот на фотографот Жил Бенсимон.
Во интервју за списанието, Кендис изјавила дека морала да ја потисне срамежливоста поради својата професија. „Смешно е да ја базираш својата работа на надворешниот изглед и понекогаш се чувствувам виновна заради тоа. Но, јас не се гледам себеси како што ме гледаат другите луѓе. Благодарение на сите тие фризури, шминката и луѓето со кои работам, сè станува уметнички проект. Се гледам себеси во трето лице, затоа што јас не сум девојката од фотографиите. Тоа е девојка која ја создадов за да се справам со моментите кога сум во центарот на вниманието. Морав да потиснам голема срамежливост за да го работам ова“ – признала таа.
Кендис објаснила и зошто се чувствува повозрасна. „На одреден начин се чувствувам повозрасна одошто сум, бидејќи на рана возраст морав да се справувам со многу одговорности и кариера и пари. Но, истовремено во мене се крие 15-годишна девојка, која нема ни возачка дозвола“ – рекла 26-годишната манекенка.