Вчера се одржа 63-тото по ред доделување на Еми наградите. Нокиа театарот во Лос Анџелес ги собра холивудските ѕвезди за да им биде дадено признание на најдобрите од телевизиските екрани.
Серијата „Mad Men“ по четврти пат успеа да ја освои наградата за Најдобра драмска серија, а комедијата „Modern Family“ втора година по ред успева да го присвои признанието за Најдобра хумористична серија.
Џим Парсонс од серијата „The Big Bang Theory“ ја освои наградата за Најдобар актер во комедија, а Мелиса Мекарти од „Mike & Molly“ беше прогласена за Најдобра актерка во комедија.
Кајл Чендлер е Најдобар актер во драма за серијата „Friday Night Lights“, а Џулијана Маргилес ја доби наградата Најдобра актерка во драма за учеството во серијата „The Good Wife“.
Во категоријата Најдобра мини-серија/филм победи британската „Downton Abbey“, а „The Amazing Race“ беше прогласено за најдобро натпреварувачко реално шоу.